Преку Проектот за локална и регионална конкуретност во општина Конче подобрена е понудата за активен рурален туризам. Создадени се нови можности за пешачење до локалитетот Габрешка Чука, уредена е местото Влашки Колиби, подобрена е пристапноста до езерото Мантово со што се овозможува подобри услови за викенд во природата, рекреативни и спортски активности во езерото, пикник со најблиските и уживање во природните убавини во околината.
Со спроведените активности се очекува дека ќе се поттикнат дополнителни приватни инвестии кои ќе ја унапредат туристичката понуда на општина Конче.
Во туристичката населба Мантово веќе се изградени околу 200 викенд куќи, а се планира и развој на други туристички содржини. Недопрената природа, чистиот воздух, здравата храна се само мотив повеќе туристите да ја посетат општина Конче.
Целта е да им се овозможи на туристите да се запознаат со локалната традиција и другите природни ресурси кои овозможуваат развој на руралниот туризам.