Во Србија има нешто повеќе од илјада регистрирани селски домаќинства, кои се занимаваат со туризам. Престојот во селските домаќинства се зголемува од година во година, така што во 2017 година бројот на странски гости се зголемил двојно. Сепак, во овие домаќинства би имало повеќе туристи доколку имаат соодветна работна сила, но и асфалтирани патишта.
„Освен домашните и гостите од регионот, овој вид туризам е популарен и за туристите од Израел и Турција, а во последно време доаѓаат и голем број кинески туристи. Во руралните средини не може да се живее само од земјоделие, затоа овој вид туризам е од голема важност, бидејќи се зголемуваат приходите на селските домаќинства, а се подобрува и туристичката понуда на една област. “- велат во Министерството за трговија, туризам и телекомуникации.
И што покажуваат пресметките? Се исплати да се започне овој бизнис. За да може едно домаќинство кое во просек има од осум до 12 легла, потребно е првично да се инвестира од 10 000 до 15 000 евра за да се адаптира куќата за гости. Ова вклучува изградба на модерна кујна, реконструкција на просториите, поставување бањи, како и систем за греење.
Инвестицијата се исплати по третата година, а заработката, во услови кога капацитетите се полни, изнесува и до 9000 евра за туристичката сезона. Се разбира, колку повеќе кревети и објекти има селското домаќинство, толку е поголем и приходот.
Дека е така, тоа го потврдуваат во селското домаќинство Гостољубље од околината на Косјериќ. Пред 16 години, Марија и Жељко Средиќ ја регистрирале својата куќа на имотот на падините на планината Мајенен во селото Мионица, како простор кој ќе го изнајмуваат. Со текот на времето, тие дошле до идеја да го прошират бизнисот и да го прилагодат на современиот гостин.
Денес, на 12 хектари површина, се наоѓа селско – туристичкиот комплекс со базенот Гостољубље. Во оваа селско домаќинство секој си има своја одговорности – Марија со нејзината мајка ја подготвуваат храната, нејзиниот сопруг Жељко е задолжен за маркетинг стратегијате и анимацијата на гостите, додека татко му на Жељко се грижи за одржување на фармата. Нивните деца Невена и Вукасин се задолжени за најмладите гости.
А, кои се гостите на оваа етно домаќинството? Најмногу се младите брачни парови со деца, околу 90%, претежно од Белград (околу 70%), а има се повеќе странци од Австрија и Франција кои ја потсетуваат нивната земја во областа Дивчибар.
Има и гости кои се на пропатување, на пат кон морето, Романци и Чеси. Благодарение на интернетот, тие се достапни на сите за резервации.
Во оваа селско домаќинство има толку многу работа што семејството Средиќ го вработува и локалното население, особено домаќинките.
„Жељко ги ангажираше домаќинките кои се без работа, како и здружението на домаќинки од Маjенска кои продаваат сирење, разни други млечни производи, јајца, сушено месо, ракотворби. Ние не можеме да произведуваме колку што ни треба, така што соработката со соседите ни значи многу. И тие работат напорно, ја препознаваат шансата за работа “, вели Марија.
Она што е главен предизвик за нив е како да се продолжи туристичката сезона, домаќинството да работи цела година, а не од пролет до есен. Решението го гледат во започнување креативни работилници, но и во организирање на подготовки за спортисти.
Волонтерски туризам
Постојат многу начини да се заработи во етно туризмот. Па така, со тек на времето, се разви посебна област на агротуризам,, односно т.н, волонтерски туризам, каде што сопственикот на едно домаќинство го ангажира гостот да му помагаат во овоштарникот или дестилеријата, а наместо парични средства му дава сместување за својата работа.
На 1.800 метри покрај Рибарска Бања, се наоѓа етно село Срндаље со петнаесетина селски домаќинства. Во селото има три рибници, две вили, четири апартмани, па дури и четири ресторани.
Инвестиции од 3.000 евра и заработка до 10.000 евра
Цените за гостите се поповолни во селските домаќинства отколку во хотелите (во некои случаи дури и 50%), така што ова е дополнителна причина за зголемената популарност на овој вид туризам.
Кога е сезона, рестораните во селата во близина на бањата имаат дневен пазар од 20 000 динари, а оние поголемите и до 110 000 илјади. Дневниот пазар од продажбата на домашни слатки и зимници достигнува и до 6.000 динари. Така, за едно лето, нето-заработката во добра сезона може да достигне од 5.000 до 20.000 евра, во зависност од големината на објектот.
Патем, за да се отвори ресторан во селска област, потребна е минимална инвестиција од 3.000 евра (модерна кујна), како и инвентар. Цената е помала ако се користат постојните маси и столови. Работната сила не претставува проблем, бидејќи членовите на домаќинството се ангажираат од готвачи до келнери. Дополнителна предност е што користите сопствено овошје и зеленчук од нивните градин при подготовка на оброците, така што исто така се намалуваат и трошоците.
Izvor: Agronews, Blic