Одлична мешавина од лековити билки која заштитува од настинки и грип, а на организмот му служи и како енергетски напиток.
Есента и зимата се времиња кои со себе ни носат чести настинки, па најдобро е да влијаеме превентивно уште на самиот почеток, пред појавата на вирусни инфекции.
На сите веќе ни се добро познати придобивките од чајот од жалфија, нане, камилица и други лековити билки кои растат на нашите простори. Сепак, чајните мешавини од повеќе лековити билки имаат поголем спектар на делување и заедно прават многу моќни комбинации.
Така на пример за намалување на температурата најдобро е да се пие чај во комбинацијата од нане, липа и бозел.
Ви го претставуваме чајот ‘’ 4 арамии ’’ кој ги спречува бактериите, грипот и настинките, а воедно го зајакнува имунолошкиот систем.
Зошто чајот се нарекува ‘’4 арамии’’? – Легендата вели дека во 17. век во Франција владеела чума во градот Тулузa. Четворицата арамии ги ограбувале куќате на умрените и заразените, а ниту еден од нив не се заразил.
Кога конечно ги фатиле крадците, ги осудиле на смрт, но им била дадена шанса за слобода ако ја откријат тајната за тоа, како успеале да се заштитат од заразата.
Тие им откриле дека нивните мајки редовно им приготвувале мешавина од оцет во која потопувале жалфија, рузмарин, мајчина душица и лаванда. Со оваа смеса се мачкале по телото.
Овој рецепт подоцна станал база за подготовка на разни чаеви, масла и тинктури.
Од овој рецепт излегува 1 литар чај, потребната количина која треба да се испие во текот на денот.
Потребни состојки: 1 чајна лажичка сува жалфија, 1 прстофат сув рузмарин, 1 прстофат мајчина душица, ½ прстофат сува лаванда, 1 литар вода, 1 голема лажица мед (може и по вкус) и 1 лимон
Постапка: Загрејте ја водата до вриење па во неа ставете ги билките и гответе уште една минута. Тргнете го чајот од оган и оставете го да отстои поклопено уште 10 минути. Процедете, оставете да излади, па додадете ги медот и лимонот.
Чајот штити од вируси и бактерии, но истовремено ќе ве разбуди како што тоа го прави утринското кафе, ќе ви ја обнови енергијата и ќе ве ослободи од хроничниот замор. Затоа избегнувајте да го пиете навечер пред спиење.
Текстот за НМД.мк го приготви Мартина Христовска