Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, професорите од Земјоделскиот институт и Факултетот за земјоделски науки и храна, интензивно работеа на тестирање и демонстрирање на различни мерки за адаптација на земјоделското производство кон климатските промени.
Добиените резултати и придобивките од специфичните адаптивни мерки, кои беа аплицирани и тестирани во градинарството, овоштарството и лозарството, помогнаа во подготовката на 9 различни брошури и 4 видео материјали кои беа снимани во текот на целата вегетативна сезона.
Целта на овие советодавни пакети е да ја едуцираат пошироката јавност за негативните ефекти од климатските промени и можностите за адаптација на земјоделското производство и заштита од штетните влијанија.
Сите материјали се дистрибуирани до земјоделците, советниците на АПРЗ ( Агенција за поттикнување и развој на земјоделството), претставници на министерства, земјоделски организации и пошироката јавност, преку работилници, медиуми и интернет страниците на МРР и АПРЗ.
Брошурите можете да ги најдете ОВДЕ