Организацијата на жени „Цвет“ од Крушево, активно работи на промовирање и зачувување на крушевската култура и традиција, на тој начин поттикнувајќи го развојот на туризмот во ова место.
Во соработка со локален тур-оператор, „Цвет“ организираше посета на Крушево за група жени, туристи од Австралија, кои имаа можност да ја видат прекрасната крушевска архиртектура и природа, како и да се запознаат со историјата преку музеите и спомениците. Посетителите беа особено воодушевени од двете работилници организирани од страна на организацијата „Цвет“, каде научија да подготвуваат традиционална крушевска пита и беа запознаени со традиционалниот вез од поднебјето на Крушево.
За својот придонес во афирмацијата на крушевската култура и традиција, на организацијата „Цвет“ и беше доделено признанието „8 септемвриска награда“ во областа на културата и промоција на традиционалните вредности од културното наследство на Крушево, од страна на Советот на општината.
Во текот на последните 6 месеци, организацијата се закити со уште една награда, а тоа е Националната награда за волонтерство од Националниот совет на Македонија.
Извор: E-Билтен бр.15 јануари 2018 на МРР на РМ
ruralnet.mk
aberdojde.mk