За сите љубители на добрата „инстаграм травел фотографија“ но и тие коишто се интересираат за историјата, како денешен совет за тоа што треба да посетите е споменикот на ридот Зебрњак, кој е монументално и триумфално спомен обележје кое е подигнато во слава и чест на загинатите српски војници во текот на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912 година. Српската војска, во која имало и Македонци, извојува победа над турската и со тоа го означи почеток на ослободувањето на југоисточна Европа од Отоманското Царство.
Монументалниот споменик на ридот Зебрњак кај Куманово е срушен на самиот почеток на Втората светска војна од страна на бугарскиот окупатор. Експертите на републичкиот завод за заштина на спомениците за култура, во Белград во 1985 година го реализирале проектот за заштита на објектот на Зебрњак во дадена состојба. Денес, од страна на Министерстово за социјални работи и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија е поставен постојан чувар.
Споменикот се наоѓа во село Младо Нагоричане, оддалечен околу 6 км. од Куманово, десно од магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.
kajak.mk