Вчера, 25 април, Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ од Гевгелија го организираше 28-от традиционален Планинарски Марш Перо Илиевски. Овој планинарски марш, кој е дел од календарот на активности на ФПСМ за 2021 одина, се одржува секоја година во чест и сеќавање на Перо Илиевски, еден од основачите на планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.
Поради пандемијата маршот беше организиран само за членовите на Клубот а учествуваа и неколку млади планинари. Патеката оваа година стартуваше од село Конско до село Ума и назад со што 45-те учесници поминаа вкупно 18 километри.
По пристигнување во село Ума, учесниците положија цвеќе на спомен плочата на Перо Илиевски, а поради пандемијата изостана овој пат традиционалниот заеднички ручек.