Филигранството е уметност со долга традиција. Се пренесува од колено на колено и бара многу трпение, визија и пред сè љубов на уметникот кон она што го создава.
Едноставните сребрени жички се испреплетуваат на чудесен начин, раѓајќи ја пеперутката, едно од најубавите дела на филигранството.
Пеперутката е симбол на верата, патот кој човекот треба да го помини за духовно да порасне и да се доближи до Бог. Како што пеперутката се раѓа од ларва и минува низ неколку фази, така и верникот минува пат на духовна еволуција.
Секој филигран има своја приказна и тежина на изработка, и секој е уникатен, единствен по својата убавина и плетката на сребрените жици.
Ова е Македонија низ филиграните, пеперутките кои раскажуваат за духовноста, традицијата, умешноста и љубовта на нашите мајстори на филигранството.
http://mojportal.mk/