Оваа прастара билка лекува многу болести. Запознајте се со КОЊСКОТО ОПАВЧЕ и научете како се користи. Чај од Коњско опавче е напиток со историска репутација кој лекува ткивни повреди и проблеми со коските. Оваа билка се користи за бројни состојби, бидејќи помага во лекување и зајакнување на телото.
Многумина познавачи сметаат дека секој треба оваа билка да ја има во својот дом, зошто може многу да помогне како прва помош при исеченици или крвавење од нос.
Бенефитите од консумирањето на чај од Коњско опавче се многубројни, па ајде малку подобро да се запознаеме со оваа билка.
Што е Коњско опавче?
Коњско опавче, equisetum arvense на латински, е жив фосил, билка која луѓето обично ја гледаат како трева и не и придаваат големо значење. Се размножува со спори, а не со семиња, а скорешни молекуларни анализи ја сместуваат во одделот на папрати. Според фосилните пронајдоци може да се заклучи дека оваа билка била многу важен дел од светската флора во време на карбонот. Некои видови од пред 100 милиони години биле дрва кои достигнувале височина и до 30 метри. Обично расте во региони со умерена клима, на влажни и песокливи почви, а може да достигне височина и до 30 см.
Ова растение во различен период од годината се преобразува во различни форми. Пролетно време никнува како исправено, шупливо стебленце кое многу наликува на аспарагусот, додека летно време се отвора во тенко, пердувесто зелено гранче кое многу наликува на борова гранка.
Коњското опавче нема лисја, а наместо нив има многу тенки и нежни иглички, наредени кружно и споени со нодални обвивки за шупливото стебленце, а на врвот завршува во остра точка. Бербата обично се врши летно време, кога внимателно се собираат стебленцата, надземниот дел без корен, се суши и се складира.
Зошто се вика Коњско опавче?
Името го добило по очигледниот факт за неговиот изглед, односно затоа што многу наликува токму на коњска опашка. Па така, понекогаш сточарите користат гранка од Коњско опавче за одбрана од досадните муви. Постојат и други имиња за оваа билка, како Змиско стебло, пршлика, четка и др. Историски податоци за Коњско опавче за неговата употреба во медицински цели.
Коњското опавче долго се користело и ценело како хербален лек уште во античко време. Старите Грци го користеле за лекување рани, додека Римјаните го користеле за проблеми со бубрезите и мочниот меур, како лек за артритис и туберколоза. Всушност, овој билен чај долго време се користи како помош за обновување на белодробното здравје и лекување на респираторните нарушувања. На Исток, Кинезите го користеле за третирање на дизентерија, оток, грип и треска, за лекување на конјунктивитис и други форми на воспаление на очите. Во медицината на ајурведата оваа билка била користена за да ги смири нервите и да ги негува мозочните клетки. Многу култури сè уште ги вреднуваат лечителните својства на оваа билка, користејќи го за лекување на бројни заболувања.
- За јакнење на коските, ноктите и косата
- Третман за уринарни инфекции
- Диуретични својства
- Третман за респираторни проблеми
- Прочистувач на крвта
- Чај за жени
- Чај за подобро варење
- За слабеење
- За смирување
- Надворешна употреба
Чај од Коњско опавче
Користени делови: сува билка берена во летните месеци
Количина: 2-3 лажички / чаша (250 мл)
Температура на водата: вриење (100ºC)
Време на подготовка: 5-10 минути (натопување)
Препорачана доза: 3 чаши дневно
Засладувач: мед
Најдобро се комбинира со: глуварче, коприва
Постапка:
Откако ќе зоврие водата, попарете 2-3 лажички сува билка и оставете поклопено 10-тина минути. Процедете и засладете по потреба. Ова е основата која обично се додава на други чаеви, најчесто коприва (за прочистување на крв, лекување анемија, алергии, зацврстување на коски) или глуварче (прочистување на црн дроб, елиминирање задршка на течности, надомест на калиум).
Се пие една недела, па се прави пауза од неколку денови пред да се повтори. Не се пие долг период, поради погоре наведените причини.
За НМД.мк текстот го приготви Ирена П