На дваесет и втори март ќе ве имресионира сликата од многуте луѓе кои бавно, полека се искачуваат кон средновековната тврдина. Вековен обичај за штипјани. Ден кога го напуштаат градот и одат во руралниот дел од Штип. Еден ден после доаѓањето на пролетта.
Многу години наназад се верувало дека пролетта почнува на дваесет и втори март, ден кога светата македонска црква ги слави Св. 40 маченици пред да се помести еден ден напред. Штипјани си останале верни на вековната традиција.
„Коренот на штипските адети лежи во бројот 40. На патот кон тврдината треба да се поздравите со 40 минувачи, да изедете 40 пишии, да испиете 40 ракии, да фрлите 39 камчиња во реката Брегалница, а четириесетот да си го чувате за среќа, бидејќи така е обичајот. Камчињата се фрлаат од Исарот кон Брегалница“ велат штипјани.
Некогашните пајонски кралеви, традиционално се капеле во Брегалница пред крунисување. Покрај Брегалница триумфално минувале и Филип и Александар Македонски, а Св. Кирил и Методиј во деветтиот век го оставиле својот дух покрај неа.
Светата македонска црква, ги слави овие 40 маченици, кои биле римски војници, а биле погубени заради нивната верба. Биле претепани до смрт, коските им биле искршени, а телата фрлени во водите. На третиот ден кога Апостол Петар дошол по моштите, во ноќта, нивните коски светеле како ѕвезди.
Во чест и спомен на овие маченици на Исарот е изградена црквата Св. Архангел Михаил, каде што на 22 март Штипјани палат свеќа во чест на четирисетте маченици.
Кога ноќта ќе го покрие Исарот, обичаите продложуваат по домовите на мештаните. Старото маало, Варош, мириса на пишии и на ракија. И тогаш вистинските јунаци ги мерачат четиресетте пишии и четиресетте ракии.
aberdojde.mk