Дали се поврзани бабата и дедото по кои овие села ги добиле имињата не е познато, но се знае дека револуционерниот пламен еднакво пламтел и во двете села – Бабино на западот и Дедино на истокот
Бабино е село во Демирхисарско (Железник), на 18 километри оддалечено од Демир Хисар, на регионалниот пат Битола – Демир Хисар – Кичево. Распространето е на источниот дел на Плакенска Планина, покрај Бабинска Река, притока на изворишното сливно подрачје на Црна Река
Дедино е село на превојот на планината Смрдешник, помеѓу Радовишкото Поле и горното течение на Крива Лакавица, оддалечено 10 километри од Радовиш
Од Бабино до Дедино има точно 169 километри
Бабино првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1467 година со 27 семејства и 2 неженети, додека Дедино уште порано од тоа, се споменува во пишан запис од 1366 година кога била изградена познатата црква „Свети Стефан“ во Конче
И на двете села жителите активно се приклучуваат во Илинденското востание
Дедино важело за најреволуционерното село во Радовишко и во престојувале великаните Гоце Делчев и Јане Сандански. Во 1897 година во Дедино, се случило убиство на двајца собирачи на данок за тутунот, по што настанала познатата Дединска афера
Во Дедино била изградена пушкарница, каде што биле лиени куршуми за потребите на Илинденското востание
Во Бабино се наоѓа најголемата приватна библиотека во Македонија „Ал Би“ која брои над 20 000 книги
Од Бабино потекнуваат 162 учители кои по Втората светска војна неуморно ја ширеле писменоста низ цела Македонија. Поради тоа е познато како село со најмногу книги и учители
За разлика од Бабино кое последниве години почнува да ја добива смислата на своето име и во селото живеат уште неколку преостанати постари жители, Дедино е сѐ уште живо село со повеќе од 600 жители активно население
Извор: ЛАГ Плачковица