Прачките од кои се ткаат корпите се собираат исклучиво од црвена врба. И кога ќе се најде соодветна врба од која може да се отсечат гранките, се прави тоа на таков начин што ќе и овозможи повторно да формира соодветни пупка следната сезона.
Секирата и малите ножеви се единствените алатки што треба се поседуваат. Оваа работа се прави на начин како што тоа го правеле нашите предци пред стотици години и каде се користи само добро заострена секира и мали ножеви, кои се користат при плетењето корпи и берење гранчиња од врба.
Прачките од кои се прават корпите, кои се со различни димензии се берат исклучиво од црвена врба. Во минатото, овие врби ги имало во изобилство, па затоа било полесно да се набават потребните суровини за работа. Сега тоа се прави со многу проблеми бидејќи овој вид врба полека изумира на овие простори поради дивата сеча, но и климатските промени. Па дури и кога ќе најде соодветна црвена врба за сечење трска, се прави на таков начин кој ќе овозможи повторно да се формира соодветни пупка за следната сезона, а кои ќе ги се користат повторно за плетење корпи кога ќе дојде време.
Додека се берат прачките, треба да се исечат сите што можам да ги користам за плетење. Тоа се обично прави прачки кои при плетењето можат да се обликуваат спрема дименизијата на корпата. Тоа се прави без напор, бидејќи овој вид врба е многу цврст и лесен за обликување .
Добар дел од прачките се лупат како би корпата која се плете добие шара, за подобара изглед. Порано се плетеле големи кошеви за берење на грозје и пченка, ама и за домаќинките кои оделе на пазар. Сега многу малку се користат овие плетени корпи, заради користење на други садови кои се направени од други материјали.
Заради ваквата ситуација, луѓето кои ги плетат овие корпи мораат стално да го менуваат својт асортиман и да го прилагодат на пазарот. Многу од домаќинките ваквите плетени корпи ги користат и украсување на терасите и тремовите.
При подготовката на објектот кој ќе се користи за селски туризам, овие корпи се неминовен декор и преставуваат нераскинлива врска со нашата традиција.
aberdojde.mk