Во селото Златанци, ја контактиравме Кристина која издава една доста интересна и несекојдневна градба во Македонија. Нам на прв поглед ни заличи на замок, па и оттука започнавме да ја нарекуваме така. Доста интересен предел за сите љубители на планината, (а љубителите на море, за нив имаме подолу текст за како да искористат прилика да го посетат).
Ова вила е оддалечена на 4 километри од српскиот граничен премин Прохор Пчински. Од надвор е со камена, а внатре има доста интересен дрвен амбиент. Составена е од 2 спални соби и дневна просторија опремена со кујна.
Ова е совршено место за одмор со прекрасна глетка која нуди спокојство и мир. Можете да уживате додека го пиете вашето утринско кафе или да уживате во прошетките покрај реката Пчиња која е во непосредна близина.
Важно е да се напомене дека ова селце е доста исклучено од урбаните предели, па така доколку сакате да престојувате овде, вие треба да си набавите намирници од продавниците во вашите населени места, бидејќи во близина на вилата нема продавница.
Инфо на: 076 791 157
kajak.mk