Ѓорѓи Наумчев потекнува од фамилија на винари и своето прво вино го има направено на 16 години. По неколку години поминати аматерски правејќи вино кое од година во година станувало се’ подобро, се одлучил малку попрофесионално да се занимава со винарство. Во подрумот на својот дом во Кавадарци изградил винарија со капацитет од 20.000 литри, која ја регистрирал во 2004-та година.
На винаријата ù го дава истото името ГИ ЕМ ЕН. Винаријата поседува 1 хектар сопствено лозје, а останатото грозје го купува на пазарот.
Првото официјално вино од винаријата ГИ ЕМ ЕН е произведено во 2006. Сегашното производство на винаријата е 15.000 литри, подеднакво распределени помеѓу Темјаника, Траминец, Ризлинг, Кабeрне совињон, Мерло и Вранец.
Ѓорѓи верува дека Темјаниката е неговото најдобро вино, и верувајте дека ова е точно. Следното вино кое ќе излезе од оваа винарија е Станушина.
Вината на Ѓорѓи може да се купат во винаријата и во неколку продавници и ресторани во Кавадарци.
Бели: Темјаника, Ризлинг, Траминец
Црвени: Каберне совињон, Мерло, Вранец