Вила Зердин Дуб е лоцирана помеѓу општина Ранковце и село Опила, смер Крива Паланка. Се наоѓа во природа (300м од патот) близу реката Крива Река (500м).
Има околу 1300м заграден двор, паркинг за 10-15 возила, два типа на скара, дворот е осветлен со рефлектор, што значи дека е погоден за ноќни седенки, 3 точаци на располагање, низ селото има бројни патеки каде може да се прошета, пешки или на точак, дворот е приспособен и за мали деца, има лулашки, кош, опрема за бадминтон, безбол, куќата располага со целосно опремена кујна, трпезарија, дневна соба, прекрасен камин на дрва, но исто така и греење на струја, располага со клима, водата е приклучена на водовод (се пие), располага со WI -FI, две одвоени спални соби, прекрасна приземна тераса со убав поглед.
Во близина на викендицата има неколку продавнички, бензинска, манастир Јоаким Осоговски (26км), манастир Лесново(23км), Куклица(16км), Опсерваторија Кокино(30км), Црква Св. Никола село Псача(10км)(од 13 век).
Имаме додатни можности за организирање на разноразни ручеци ,вечери во договор со професионален готвач.
Информации на телефон: 074/608-104 Матеј, 078/492-409 Сашо