Slackline е релативно нова и брзорастечка гранка штоја развива уметноста на одење по јаже. Прилеп со своите природни убавини и геоморфолошки карактеристики ги привлече вљубениците во оваа хард кор дисциплина, кои своите вештини ги презентираат пред локалното население .
Здружението Slackline се занимава со истражување на спортската култура и културата на движењето на телото и преку физичка и ментална вежба , на забавен начин се обидува да се задржи креативноста за здрав и подобар живот.
За оваа цел тие спроведуваат работилници и курсеви за рамнотежа, произведуваат и продаваат опрема, а организираати различни социјални настани, предавања и вежби.
Мотото на Slackline е- забава, спорт и медитација во истовреме.
http://www.prilepinfo.mk/