Во насока да се укаже дека не смее да пропаѓа домашното производство и дека е навистина потребна поддршка за негов опстанок и во овие тешки времиња создадени од Ковид кризата, Националната федерација на фармери спроведе триесетдневна кампања „Купувајте домашни земјоделски производи“, со цел да се истакне и поттикне зголемување на потрошувачка на домашните земјоделски производи на домашниот пазар.
Градинарското производство и производството на овошје и грозје, како и производството на млеко и сирење се одвива главно кај индивидуалните земјоделски производители, кои се мали стопанства и фрагментирани парцели. Во рамките на кампањата се промовира видео „Купувајте домашни земјоделски производи“, беа споделувани флаери и постери во супермаркети и зелени пазари,како реализирање на гостување во медиуми.
Афирмативната кампања и во 2021 година ќе продолжи во насока на укажување на важноста на земјоделството во државата и јакнење на малите земјоделски стопанства. Кампањата е дел од проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Македонија“
nff.org.mk
aberdojde.mk