Изминатиов викенд екипата на Veles Biking го искористи за две тури. Сабота искористена за бајк тура до планинарски дом Дервен, во Прилепска територија, а потоа и неуспешен обид за кружна патека до с. Оморани преку врв Чавено (1445мнв) и Мали Мукос ( снегот си го направи своети и ги затрупа сите траги од пат).
Вториот ден од овој викенд екипата на Велес Бајкинг беше во велосипедска прошетка на населените места под Клепата. Тргнувајќи од Велес, преку стариот пат за с.Црквино, па преку с.Грнчиште и с.Скачинци стигнавме до напуштеното село Свеќани каде имаевме одмор со излетничка скара и по некое пивце.
Од таму преку с.Виничани се вративме во Велес.
Ретко кога велосипедисти поминуват низ овој регион, препорака до сите да се искористат старите патишта со кои се поврзуваат овие населени места, нудат одлучни услови за off road авантури..
https://www.facebook.com/bikingveles/