На ова мало парче земја природата формирала 346 пештери кои досега се пронајдени, иако некои податоци кажуваат дека ги има околу 500. Некои од пештерите имаат подземни реки и езера и претставуваат дом на ретки подземни форми на живот.
Ви претставуваме мал дел од најубавите пештери – разгледници од Македонија.
Пешна
На 6 км. од Македонски Брод е Пешна, пештера која им е позната на малкумина, а која претставува вистинско природно богатство кое плени со својата убавина. На влезот на пештерата има средновековна тврдина, а пролетниот период, поради топењето на снегот, силен вруток потекува од северниот дел на Пешна.
Врело
Пештерата лоцирана на кањонот на Матка е една од најубавите во Македонија. Се состои од две пештери од кои едната е подводна. Се претпоставува дека подводниот дел е длабок 330 метри, а доколку овој податок е точен, Врело би била најдлабоката подводна пештера во светот.
Со својата убавина се издвојуваат и пештерите Гоновица, Слатина, Убавица и Пурало.