Будимирци се наоѓа од десната страна на Црна Река на надморска височина од 800 метри, 53 км оддалечено од Битола. Атарот на ова село се издига високо до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел допира до државната граница со Република Грција. Тоа се едни од најубавите предели во Мариово, низ кои течат надалеку познатите реки Белица и Трновчица, кои претставуваат извонредно место за одмор и релаксација.
Не се знае точно кога настанало селото, ама според историските податоци истото имало бурно минато особено за врреме на Османслиското владеење. Се претпоставува дека и од тука потекнува и името, односно од словенските зборови „Буди“ + „мир“.
Во селото се наоѓа храмот на Св. Вмч Николај Чудотворец изграден 1875-78 година, кој бил тешко оштетен за време на Првата светска војна и покасно повторно обновен.
Во близина на селото, на местото на некогашното село Трново, се наоѓа манастирот Св. Димитриј. Манастирската црква е мала еднокорабна градба со влез од западната страна и крст вдлабнат над вратата. Неодамна се обновени и конаците на манастирот, т.е. 5 соби за спиење, кујна и голема трпезарија за пречек на гости. Електричното осветлување е со агрегат, а собите можат да ги користат посетители во согласност со црковниот одбор.
Во близина на манастирот течат чистите планински реки Трновчица и Бела Река (Белица) кои се спојуваат во близина на село Будимирци.
Особено е интересна Река Белица која извира во месноста Бело Гротло на Ниџе планина, на надморска височина од 1.610 м. Водотекот на оваа река изнесува 16 км, по што се влива во Црна Река. Реката има типично клисуреста долина на места и со кањонски изглед.
Месноста „Лаките“ покрај оваа река е одлична локација за целодневен одмор и до неа се стигнува единствено со теренско возило
off-road.mk