Река Коњарка – излетничко место со многу воденци каде се мелело житото на селаните од околните села, а се наоѓа во близина на село Скочивир на 38 км од Битола.
Сместено покрај чистата Коњарска Река, чие што извориште се наоѓа под Кајмакчалан, до границата со соседна Грција на надморска височина од 2.260 м.
Коритото на Коњарска Река е насочено кон запад, а целиот слив е формиран во шумско подрачје.
Во Црна Река се влива под ридот Врх на надморска височина до 550 м. Долга е 15 км, зафаќа сливна површина од 63 км2 и има релативен пад од 114‰, кој се вбројува меѓу најголемите во Македонија.
Неодамна излетничкото место Коњарка беше комплетно уредено од страна на Општина Новаци и денес тоа претставува една од најпопуларните локации за пикник на овој дел од Македонија.
www.mojrodenkraj.com.mk