Домашен рецепт за домашен зачин – Без разлика дали сакате малку да го промените вкусот на јадењата што ги правите или само сакате да знаете од што е направен зачинот што го додавате на вашите јадења, ви предлагаме да го направите сами. Немојте веднаш да помислите дека ова е невозможна мисија. Ќе се изненадите колку е лесно да направите многу вкусен и многу поздрав зачин од оној што го купувате.
Потребни состојки за домашен зачин
- 700 гр моркови
- 700 гр црвена пиперка
- 200 гр корен од магдонос
- 500 гр корен од целер
- 700 гр кромид
- 700 гр морска сол
- 1 сноп лист од магдонос
- 2 снпа лист целер со целото стебло
- 1 лист од селен
Подготовка:
- Исчистете го и измерете го целиот зеленчук, за да знаете колку сол да ставите. 1 кг сол за 4 кг зеленчук. Ставајте го зеленчукот во ладна вода додека сè не завршите.
- Исчистениот зеленчук уште еднаш измијте го, па повторно ставете го во ладна вода, претходно исечете го на помали парчиња. Измијте ги и листовите.
- Големината на парчињата ќе ги процените во однос на големината што поминува во мелницата за месо, бидејќи сега тоа ќе биде вашиот најдобар пријател.
- Значи, инсталирајте ја мелницата за месо и земете мешан зеленчук – малку од ова, малку од тоа, со додавање на листови магдонос, целер и селен, мелете го целиот зеленчук.
- Измешајте го мелениот зеленчук и додадете сол, потоа промешајте повторно и оставете го да отстои преку ноќ. Повремено промешувајте го зачинот.
- Следниот ден, ставете го подготвениот зачин за јадење во стаклени тегли и затворете го со метално капаче, а потоа во оставата, или кујната. Кога ќе отворите тегла, можете да ја чувате во фрижидер, само за да бидете сигурни дека ништо нема да и се случи.
zemjodelie.mk