Ние: Какви туристи најмногу сакате? Дали туристите ве мотивираат да работите?
Мано: Составот на групите во областа на Културно-историските, студијски, религиозни и политичко-тематизирани патувања е воглавно сениорски (над 60-95 години). Како професионалец не би требало да правам некоја разлика, но морам да признаам дека во последните три-четири години се поголем предизвик ми претставуваат активните т.е планинарските тури, кои ги комбинирам и со анимирање на групите со моите широки познавања и од останатите области, па и со печуркарството.
Ние: Знаеме дека има многу убави места во Македонија, но одвојте ни ја планината во која што сте заљубени?
Мано: Нашата земја иако мала навистина е прекрасна и со разновиден биодиверзитет кој ретко каде во Европа го има. Сигурно ви е познато дека од вкупната површина од 25.717 км², 79% се планински терени, 19% на низините и само 2% на водените површини. Ретко која земја има волку убавини кои за странците се ретко познати планини, кои ги преферираат нашите мешовити листопадни и иглолисни шуми.
Навистина многу тешко прашање е да се одговори која планина е за мене најубава. Би одговорил дека за човек кој ја сака природата и оди на планинарење, секоја планина на свој начин ќе му биде убава, секоја нуди своја специфичност, дали во поглед на шумскиот фонд, дали во видиците од врвовите, дали во тежината и пристапноста на искачувањето.
Само во Шарскиот масив долг 85 и широк 15-25 км имаме 15 врвови над 2500 метри, 25 врвови над 2000 метри. Што да се каже за Корабскиот Масив, за Јабланица, Јакупица, за Осоговијата, за безброј други наши убави планини, за нашите национални паркови и така натаму. Мислам дека на секој човек најдраг период од животот му е младоста, затоа ќе признам дека планината на мојата младост е планината „Китка“.
Мано смета дека како и до сега така се повеќе во иднина странскиот турист ќе биде ориентиран кон активниот туризам. Нашата преубава природа, за странците непозната рурална средина, комбинирана со обичаите на месното население нуди голема можност за поширока туристичка понуда. Тој потенцира дека акцент треба се стави на планинарскиот, планинско-велосипедскиот туризам, параглајдерството, турите со коњи и слично.
2021-та година му дава надеж дека ќе ја победиме пандемијата со Ковид-19. Се надева дека туризмот повторно ќе почне да заживува.
kajak.mk