Здружението за социјален и економски развој „Ин Виво“ од Скопје се фокусира на процесот на обезбедување достоинствени социо-економски услови и соодветна инклузија на сите граѓани.
Здружението во изминатиот период започна да произведува биохумус, со што се овозможува подобро неформално образование, промоција и поддршка на органското производство, соработка со граѓаните кои живеат и работат во руралните области и професионална реинтеграција на лицата со помалку можности како и придонес кон нивната финансиска независност.
Со финансиската помош и поддршка од организацијата на „Caritas Italiana“, здружението ги спроведе следните активности:-Зголемување на производствениот капацитет со можност да се произведува до 10 тони биохумус годишно-Обезбедување техничка инфраструктура со која произведениот биохумус може да се пакува во биоразградливи кеси од 3 литри, со што истите ќе може да се пласираат во малопродажната мрежа.
Реализација на првата поголема испорака на биохумус за соработниците на здружението од „Црвениот Крст“, а сите заработени средства беа наменети за помош и поддршка на бездомните пријатели кои се вклучени во производството.
ИЗВОР: Мрежа за рурален развој E-БИЛТЕН | бр. 21 јануари – декември, 2021