Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки под брендот МОЈОТ САПУН. Даниела, во нејзината работилница ја продолжува богатата семејна традиција на изработка на сапуни од природни масти и масла, со додаток на билки кои се собрани во чистите Малешевски предели.
Програмата за зачувување на природата (ПЗП), со поддршка на Владата на Швајцарија, помогна во опремување на работилницата со соврмени алатки за изработка и сечење на сапуните, што овозможува побрзо, полесно и поефикасно работење, а со тоа и можност за развој на нови производи.
👉 Повеќе за овој мал бизнис, прочитајте на следниов линк: https://bit.ly/3GEXxHa