ВИДЕОТО ОД ВТОРИОТ БАЛКАНСКИ РУРАЛЕН ПАРЛАМЕНТ МОЖЕ ДА ГО ВИДИТЕ ТУКА
Повеќе од 60 засегнати страни кои дојдоа од руралните области од земјите од Западен Балкан, вклучително и претставници од граѓанското сектор, претставници од државни институции, донатори, се собраа во Охрид, на 15 и 16 јуни, на Вториот Балкански рурален парламент, кој беше организиран од Балканската мрежа за рурален развој (БРДН), со финансиска поддршка на SWG – Постојана работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа.
Покрај присуството на засегнатите страни од Западен Балкан, на вториот Балкански рурален парламент, присуствуваа исто така и чинители кои доаѓаат од секторите за рурален развој, меѓу кои и претставници од релевантни организации на ЕУ, кои се приклучија во дискусиите за предизвиците и акциите што можат да се преземено за подобрување на благосостојбата на руралните заедници на територијата на Западен Балкан.
Инспириран од националните рурални парламенти, кои се спроведуваат во Европа повеќе од една деценија, Балканскиот рурален парламент веќе го зазема своето место во процесот на креирање политики за рурален развој на Западен Балкан, како една од основните алатки за претставување на руралните заедници, преку националните мрежи и Балканската мрежа за рурален развој.
„Земјите од Западен Балкан се во процес на интеграција во ЕУ и руралниот развој игра значајна улога во пристапот кон ЕУ и е една од главните движечки сили што може да го забрза овој процес. Затоа, треба да инвестираме во зајакнување на меѓусебната доверба на секое ниво помеѓу луѓето, институциите на национално ниво, но и зајакнување на довербата меѓу Западен Балкан и Европската унија за градење еднакви партнерства“ – истакна Петар Ѓоргиевски, претседателот на БРДН, во својот поздравен говор.
Дводневната програма беше збогатена со екскурзии организирани во околината на Охрид и Струга, каде учесниците имаа можност да посетат некои интересни знаменитости. Да ги видат потенцијалите за рурален туризам во регионот и да слушнат инспиративни приказни од локални претприемачи.
Конечниот резултат на Балканскиот рурален парламент е да се развие сет на силни ставови за загриженоста и аспирациите на луѓето од руралните средини. Да се дефинира што се подразбираат за акција на руралните заедници, да се истакнат политиките на владите, а сето тоа во во форма на Декларација.
ВИДЕОТО ОД ВТОРИОТ БАЛКАНСКИ РУРАЛЕН ПАРЛАМЕНТ МОЖЕ ДА ГО ВИДИТЕ ТУКА