Македонците се познати како љyбители на доброто вино. Виното зазема значаjно место на нашата Македонска Tрпеза и тоа е присутно на секоja наша слава, свадба, крштевка. Во скоро секоja наша религиозна церемониja , тоа секогаш има своja улога.
Македониja има долга традициja во производството на вино . Првите семки од грозjето се пронаjдени уште од предисториското време ( околу 4000 ПЕ) и првите знаци на култивирање на грозjето и производство на виното се пронаjдени во Источна Макаедониja, кои датираат од раните години во 2800-2200тa ПЕ.
Специфичната арома на македонското вино е резултат на деjството на комбинираната, медитеранска и континентална клима, дополнета со летните топли, сончеви денови и постудени ноќи. Подолгиот процес на зреење на грозjето ги концентрира шеќерите и киселините во грозjето, оформуваjќи богати бои и комплекс од ароми во вината.
Според Wikipedia, Република Македониа одгледува винова лоза во 3 региона:
- Повардарие, по долината на реката Вардар, наjмногу околу градовите Неготино и Кавадарци.Овоj регион е наjразвиен и наjпознат регион по производство на вина , по количина и квалитет.
- Пчињa-Осогово – го зафаќа источниот дел од Маедониja до границата со Бугариja
- Пелагониja – Полог, околу Оxридското езеро – се простира на западниот дел од Македониja, до границата со Абаниja .
Наjзастапените лозови сорти кои се одгледуbаат на нашите подрачja се домородните сорти и, како и винови сорти одгледувани во Централна Европа, Балканот, и надвор од Европа.
Производството на црвените вина доминира со околу 80% во споредба со производството на белите и, во Македониja се регистрирани 80 винарии со капацитет на производство од 220 милиона литра вино годишно.
За производство на црните вина , наjмногу се користи сортата Вранец, потоа Кратошиja, Kabarnet Sauvignon и Меrlot. Странушина Црна е домородна сорта, со чисто потекло од Макаедониja, коja придонесува за производство на висок квалитет вина, наjпопуларни на домашниот пазар. Нажалост многу малку се знае за овaа сорта надвор од Македониja.
Наjпознати сорти за производство на белите вина се Smederevka, Laski Rizling, Žilavka, Chardonnay и Sauvignon Blank.
Наjчести прашањa кои се сретнуваат во врска со користенње и чување на вината се следните:
а. Кое вино е наjдобро?
Не постои “наjдобро” вино!
Треба да го пиете виното вие што го сакате и да го сакате виното вие што го пиете. Не дозволуваjте никоj да ви наметнува кои вина се добри, а кои не се. Доколку сакате да смените и да експериментирате со новите вина на пазарот, вистинското прашање што би требало да му го поставите на трговецот е:
-“Jaс го сакам “X” виното, што би можеле да ми понудите слично на тоа вино , во однос на вкус, квалитет и цена”?
б. Кога виното ќе го достигне своjот врв со долготраjното чyвање?
Повеќето вина се наменети за консумирање кога се произведени, поради малите количини на танис или киселини кои им овозможуваат “подолг живот”. Меѓутоа, постоjaт и такви вина кои се наменети за “стареење”. Тие вина се чуваат на подолг период , под посебни услови. Секогаш поаѓаjте од “првото” правило- отворете го “специjaлнто” шише, кога моментот е специjaлен за за вaс лично.
Секое вино е различно, дури и секое шише е различно и зависи од повеќе вариjaбилни услови, како што се услови на чување и личниот вкус. Тоа се менува со времето, на подобро или полошо. Често пати може да се случи да заостане некое шише од ефтините вина и после неколку години, тоа е со подобар вкус од годината кога сте го купиле. Нажалост, тоа се случужа и со скапите вина, но во обратен правец. Затоа, бидете припремени на изнендување при секое отварање на ново шише вино.
в. Кои се наjпогодни услови за чување вино?
Ако сакате да задржите мешани вина во куќата за пократок период, тогаш треба да одберете темно место , со прилично константна и умерена температурa. Ако имате само неколку шишињa, на дното од креденецот е потполно погодно.
Ако имате добро и скапо вино, во помали количини и, би сакаледа го сочувате за подолг период, ставете те го ладилникот.
Доколку имате големи количини на вино ,треба да формирате визба во вашиот подрум. Класична подрумска температура е 12-14Ц. Вината теба да се поставени во хоризонтална положба, на темно место со константна температура.
Ако сте спремни на поголема колекциja – не брзаjте со градењето на своjaта колекциja! Единствената колекциja на вино што вреди да ja имате е онаа со вина вие сто ги сакате и пиете.
За подобро да се организирате во визбата, закачете календар и почнете да обележувате кога сте ги внеле вината во своjaта визба. Почнете да ги отварате вината после година, две или три. Промените ќе бидат интересни, многу брзо ќе заклучите кои од вашите вина би ги оставиле да “стареат”, а кои ќе ги отстраните и пратите во куjната.
Оваа постапка е исто добра за селектирање на вина кои би ги чувале за посебни пригоди, на подолг период – ќе ви помогне да ги избегнете изненадувањaта кога ќе доjде денот да ги отворите.
г. Коja е наjпогодна температура за консумирање на вино?
Доколку немате напишана, претпочитана температуре на консумирање на амбалажата на виното, добра почетна температуре за сервирање на црните и белите вина е 12-14Ц, истата температуре како и во визбите и подрумите. Често, црвените вина се сервираат премногу топли, и белите премногу студени. Доколку сакате да ги затоплите или оладите вашите вина, наjдобро е да ги ставите на масата додека ги пиете.
д. Коja чаша е наjдобра за пиење на вино?
Поголемите чаши се подобри – даваат грациозно чуство во нашите раце и може да го “промешкате” виното со мали надополнувањa. Бараjте чисто проsирна, тенко стакло чаша, со долг врат и благо наклонета навнатре на врвот. Изберете од поефтините чаши, да не се jaдосувате кога ке се скршат.
ѓ. Зошто виното ми дава главоболки?
Многу луѓе веруваат дека гловоболките доаѓаат од сулфатите кои се наоѓаат во виното што го испиле. Главоболките од вино се сериозен проблем, меѓутоа и многу личен. Често пати некои луѓе страдаат од главоболки после испиено црвено вино или, одреден тип на вино. Главоболката проследена од консумациja на вино доѓа од хистамините кои се во виното и целиот комплекс на технологиjaта што се применила при производство на виното. Затоа е наjдобро, да тестирате на помали количини од различни вина при подолг период, додека не го наjдете виното кое ви се допаѓа и не ви предизвикува гловоболки при неговото консумирање.
е. Како да ja планирам количината на вино за прослава со поќеке гости ?
Повеќе, подобро.
Подобро е да имате останато после прославата, отколку да немате доволно за време на прославата. Ако земете дека половина шише се 3 чаши вино, тоа би било доволно за еден гостин. Бидеjќи не знаете коj гостин од кое вино ќе пие, треба да имате доволно од сите видови вина што планирате да ги изнесете на трпезата. Идеално би било да наjдете трговец коj ке ги прифати останатите вина назад . Ако не можете да ги вратите , сигурно е дека ќе наjдете добар начин да се “ослободите” од остатокот- како подарок на некоj од гостите при одење, чуваjте ги за да ги понесете на нечиja прослава или…..започнете ja своjaта прва колекциja на вина.
makedonskatrpeza.com