По препорака на моја пријателка, се пријавив и бев избрана да посетувам обука за пчеларство организирана од Програмата за зачувување на природата (ПЗП). Голема благодарност му должам на едукаторот на обуката Ванчо Кировски, кој беше целосно посветен да научиме да пчелариме, истовремено применувајќи одржливи практики во пчеларството. Оттука се и почетоците на моето пчеларење, со што за прв пат имав можност да се грижам за највредното суштество на оваа планета.
Во моментов располагам со 4 пчелни семејства, сместени во с. Костин дол во Македонска Каменица, и како член на здружението Меден исток пчеларам на одржлив начин. Местото нема никавки извори на загадување и изобилува со прекрасни ливади, багрем, бор, даб и друго.
Во иднина планирам да се посветам многу повеќе на пчеларството и да го зголемам бројот на пчелните семејства. Иако пчелите ги одгледувам без дополнителна семејна поддршка, сепак имам многу голема поддршка од здружението ЈГПБР „Меден Исток“, каде што активно членувам.
medenistok.mk