Македонскиот рудник Алшар кој се наоѓа на планината Кожуф, во близина на македонско – грчката граница и селото Мајден, е редок споменик на природата кој опфаќа површина околу 120 хектари. Овој рудник е познат во светски рамки, затоа што е единственото наоѓалиште на талиум во светот и е потенцијален „рудник” на еколошки чиста енергија.
Во рудникот, за кој постои огромна заинтересираност за испитувања од врвни светски стручњаци – геолози, регистрирани се десетици видови на минерали, од кои седум видови ги има само во Македонија и никаде на друго место во светот, а најпознат и најзначаен од сите нив се смета дека е лорандитот. Лорандитот како минерал на талиумот служи за да се детектира т.е. да се лоцира неутринот, кој води директно потекло од Сонцето и единствено на целата планета го има само тука.
Доколку со научни испитувања и експерименти се успее да се одвои неутринот од талиумот, ќе се разберат многубројните, досега необјаснети процеси за тоа како Сонцето ја генерира енергијата, со што науката би направила огромен чекор нанапред во докажувањата и објаснувањата на природните процеси. Ако се проучи постапката на одвојување на неутринот од талиумот, може да се создаде нов моќен енергетски извор кој би бил на исто рамниште како Сонцето, т.е. ќе може да се создадат повеќе мали „сонца” кои ќе ги заменат атомските централи без притоа да се радиоактивни.
До рудникот може да се влезе низ осум широки отвори кои се ископани во длабочината на земјата и кои се долги отприлика по шест илјади метри.
На левата страна од рудникот се наоѓа рид, кој секогаш е со зелена боја поради големото присуство на талиум во почвата. Таму не смее да стапне ниту човек ниту добиток, бидејќи талиумот е отров кој е поотровен и од арсенот, лесно навлегува во организмот и во рекордно кратко време ги согорува сите клетки.
Исто во непосредна близина на рудникот се наоѓаат и извори на топла вода и бели минерали кои луѓето од околните села ги користат за перење на алишта, за миење на садови и за чистење на домовите.
Во рудникот Алшар се копа злато околу пет илјади години. Исто се ископуваат и кристали на лорандитот, антимон и други метали кои ги има само тука.
Овој единствен рудник кој е многу познат, претставува најчувана светска тајна.
Некои геолози кои се запознаени со богатствата и можностите кои ги нуди овој рудник, го сметаат за најголема тајна на човештвото, бидејќи во него, наводно се крие тајната за настанувањето на космосот и на Сончевиот систем.
Во светски рамки се предвидува дека се приближува времето на талиумот, па доколку се случи тоа, во Македонија конечно ќе има услови за убав живот, целиот свет ќе слушне за нас и за богатствата со кои изобилува оваа наша убава земја.
Треба малку повеќе да истражуваме за да се запознаеме со богатствата и убавините на нашата Македонија. Имаме многу богатства за кои не сме свесни дека постојат. Затоа истражувајте, читајте, откривајте и збогатувајте го вашето знаење.