Општина Гевгелија ќе го реконструрира сместувачкиот објект кој е во нејзина сопственост, а се наоѓа во туристичкото место „Смрлива вода“.
Се работи за објект кој е изграден во седумдесеттите години на минатиот век, кој што во моментот е во нефункционална состојба. Со предложениот проект „Адаптација на сместувачкиот објект во туристичкото место „Смрлива вода“, се планира негова целосна реконструкција, внатрешно уредување и адаптација со што овој објект ќе претставува можност за збогатување на туристичката понуда за сместување на посетителите.
Туристичкиот локалитет Смрдлива Вода се наоѓа на Кожуф Планина, на надморска височина од 850 метри. Од градот Гевгелија, туристичкиот локалитет е одалечен 24 километри.
Смрдлива вода е стара населба и позната по истоимената вода која поради нејзиниот остар мирис е наречена – смрдлива, од каде што доаѓа и називот на локалитетот.
Минералната вода е позната по нејзината лековитост за стомачни заболувања на желудникот, стомачниот тракт и бубрезите. Пределот на Смрдлива Вода нуди рекреација, чист воздух и посетеност во текот на целата година. На локалитетот Смрдлива Вода, во шумовитите предели се изградени околу 400 викендици и Одморалиште за сместување на гости, во сопственост на Општината.
Постојат и неколку преноќилишта и трговски дуќани. До самата населба има асфалтиран пат од регионален карактер. Одморалиштето има паркинг простор.
Телевизија Нова