Новиот концепт Паметни села полега се имплементира и во Словенија. Општините Кршко, Севница и Бежица, добиваат околу 70 илјади евра субвенции за овој проект од европскиот фонд за рурален развој, велат од националната агенција за развој на земјоделството и селото.
Средствата, овие општини ќе ги употребат за финансирање на проекти од концептот на европското паметно село. Односно, поврзување на локалните произведувачи на храна со потрошувачите, курсеви од областа на дигиталната технологија, образование и едукација на младите за да останат во селата, јакнење на меѓугенерациската солидарност и заштита на оние на кои им треба социјална помош.
Концептот Паметни села во кој се вклучуваат сѐ повеќе општини од руралните делови на Словенија, основна цел му е спречување на негативното демографско влијание од глобализацијата врз селото, јакнење на услужните дејности за жителите на руралните области и намалување на брзото иселување на младината во градовите или во странство.
Овој проект во фокусот го става граѓанинот кој живее во селска средина и мора да има доволни материјални срества за квалитетен живот. Ова е важен предуслов младите да не го напуштаат селото. Приоритет за развојот на селото во Словенија ќе биде производството на здрава храна и еколошкиот туризам.
aberdojde.mk