Се вели дека мостот е изграден кон средината на XVIII век од делкан камен со само еден лак, според плановите и од страна на Мимар Хајрудин — архитект на Стариот мост на Неретва во Мостар и ученик на прочуениот архитект Мимар Синан.
Ако од месноста Бошков Мост (порано ова месноста се викаше Сечен Камен) каде што Мала Река се влева во Голема Река, во Радика, се сврти лево, набргу, само по пет-шестотини метри ќе ве пречека едно пријатно изненадување за очите.
Зад првата поголема кривина, по една куса нагорнина од левата страна каде што тече Мала Река се појавува Елен Скок. Така се вика мостот изграден пред многу векови на патот што ги поврзувал населените места од Дебарската и Полошката Котлина, а минувал низ Галичник, Маврово и продолжувал натаму кон Гостивар.