Имплементатори:
– Здружение на жени земјоделки „АГРО-ВИНКА“, Виница
– Здружение „Радика-Де“, Дебар
Цели на проектот: Преку воспоставување на подобра соработка и размена на искуства, едукација, промоција, соработка и заедничка заложба да ги поттикниме младите и жените од различни етнички заедници од Источниот и Западниот регион (општините: Виница, Дебар, Маврово – Ростуше и Центар – Жупа) да ги запознаат основите на претприемништвото и занаетчиството, да споделат искуства во двата региони, да развијат свои бизнис идеи и на тој начин да ги зголемат своите можности за економска независност. Истовремено преку искористување на добрите искуства и практики, ќе се мотивираат за започнување на семејни бизниси, со што ке се намали невработеноста и трендот на иселување на младите од овие рурални средини.
Економското јакнење на руралните жени од различни етникуми од западниот и источниот регион на Македонија има големо значење, како за подобрувањето на стандардот на селските семејства, така и за заедништвото. Оваа оценка ја изнесуваат жените-членки на Здруженијата на жените Радика Де од Дебар и Агровинка од Виница, кои се носители на проектот со учество на жени од повеќе рурални општини од западниот и источниот регион.
„Оваа активност лично сметам дека многу значи, бидејќи соработката е битна. Жените разменија искуства. Реализиравме три обуки на кои дојде до израз потребата од познавање на различните менталитети“, вели Олга Стојменова од здружението од Виница.
Активности: Во рамките на овој проект беа одржани повеке обуки:
– Обуки за претприемништво;
– Бизнис планирање;
– Креативни практични обуки за техниките на плетење, ткаење и везење.
Проектот го заокружи завршниот мултиетнички настан каде жените од двата региони имаа
E-Билтен бр.17 на МРР
aberdojde.mk