Со пчеларство почнав да се занимавам од 2017 г., откако ја завршив, по препорака на брат ми, обуката за млади пчелари од Брегалничкиот Регион, во рамки на „Програмата за зачувување на природата во Македонија” – фаза 2 од Проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка. Во моментов располагам со еден стационарен пчеларник, лоциран во атарот на с. Бунеш на 690 м.н.в., кое е речиси целосно отселено. Од пчеларникот претежно вадиме мешан ливадски и планински мед.
Засега на пчеларникот работиме заедно со мојот сопруг и сме посветени на проширување и претворање на истиот во наша основна дејност. Во јадрената група за одржливо пчеларство „Меден Исток“ сум од основањето, и учествувам во сите активности, трудејќи се да ги комбинирам со моите обврски околу пчеларството но и како мајка на две деца.
Би им препорачала на сите да ги сакаат пчелите, бидејќи тие се во основата на животот и се многу важни за зачувување на човештвото и природата.
medenistok.mk