Во Македонија постојат три природни езера, неколку пештерски и леднички езера и околу 20 тина вештачки езера и акумулации. Овие водни системи, најчесто создавани во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, се користеле како резервоари за наводнување, регулирање на водните текови на реките, но и за рекреација.
Езерото Водоча се наоѓа во сливот на реките Водочница и Тркајана на 9 км од Струмица. Оваа акумулација има површина од 1,9 km² и длабочина од 42 метри. Водача е едно од поголемите акумулации во источниот дел на државата заедно со езерата Градче и Мантово. Името го добило по близината на селото Водоча, познато како место кое се спомнува во познатата Брегалничка битка на царот Самоил.
Од локалниот пат што води до Водача и го заобиколува езерето се одделуваат мали макадамски патеки кои водат до самиот брег на езерото. Брегот е обраснат со борова шума и нуди можност за пикник и рекреација. Oва езеро не е многу посетувано од туристи, со исклучок на локалното население.
doma.edu.mk