Поговорката, ако ја споделиш болката таа ќе се намали, ако, пак, ја споделиш радоста таа ќе зголеми` најмногу одговара токму за селата. Во тоа се уверивме, кога по повод Меѓународниот фестивал на пролетни веселби го посетивме селото Чаликли, Валандовско.
Искрените, љубезни и гостољубиви домаќини гостите ги пречекуваа уште на самиот влез на селото. Возбудата и радоста да се биде домаќин на фестивалот ја споделуваа со сите гости.
Традиционалниот фестивал за жителите на Чалaкли, покрај возбудата од запознавање со нови лица и среќавање со подалечни роднини, претставува голема одговорност. Од една страна да се задоволат гостите, од друга страна пак за неколку дена да се престави традицијата на јуруците кои живеат во источниот дел на Македонија. (Х.Г.)
http://balkon3.com/