Во демирхсарското село Бабино се наоѓа единствената приватна библиотека “АЛ БИ” со богат и раритетен библиотечен фонд од над 15 000 книги. Библиотеката е основана 1882 година, и во нејзиното тривековно постоење во неа може да се најдат ретки и уникатни книги, од кои најстарата е Арапски речник од 1307 година.
Во неа се чуваат и се изложени првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар, првото издание на весникот „Нова Македонија“ отпечатен во селото Горно Врановци и првиот примерок од книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“.
Во библиотеката се наоѓа и зборникот на народни песни на браќата Миладиновци отпечатен во 1891 година. Се среќаваат книги и весници, списанија и публикации, географски карти и звучни записи, албуми и дијапозитиви, и ниеден материјал нема идеолошка, политичка или верска конотација.
Библиотеката е сопственост на Стево Степановски, кој во оваа стара куќа – двокатница изградена од камен, освен библиотеката има и етно-соба со етнолошка поставка од над 120 предмети од демирхисарско поднебје со значајна естетска и музејска вредност. Во библиотеката има македонска соба и читалница, а дворот на библиотеката има амфитеатар за културни манифестации.
Библиотеката “АЛ БИ” има свој печат на кој е напишано името на библиотеката и на сопственикот Стево Степановски, изработен во полускапоцен камен во Пекинг во 1973 година, а лично го дизајнирале и го нарачале Петре М. Андреевски и Иво Андриќ.
Иако се смета за најмалата библиотека на светот, за нашата земја оваа библиотека е најголемиот доказ за македонскиот културен топос. Оваа библиотека е резултат на тривековна колекционерска работа, која е достојна за почит и внимание.
Посетата на библиотеката е наша поддршка на културата и нејзина промоција како симбол на културната традиција.
https://domasno.mk/