Дали сте слушнале за село Рамне. Едно од подзаборавените мирни и тивки села над Охрид. Кајак.мк во текот на ова седмица ќе објавува предлог места за патување кои се соодветни да уживате во боите и вкусовите на есента.
Во село Рамне се наоѓа уникатна вила која можете приватно да ја резервирате. Вилата „City view apartmen“ е идеална за луѓе кои бараат мир и тишина, а особено за оние кои медитацијата, езерскиот шмек, јогата и квалитетното вино им се во преден план за време на патувањата.
До село Рамне има асфалтиран пат, а кој пат често се користи за пешачење или велосипедизам. Она што е доста битно да напоменеме е дека селото Рамне е поврзан и со земјин пат до Велестово кое село исто така има прекрасен поглед кон Охрид, а која може да биде ваша дневна маршута за исполнување на денот.
kajak.mk