Виното се смета дека е еден од најстарите пијалаци што постојат. Неговото постоење е проследено со многу факти кои укажуваат зошто е добро да го конзумирате. Секој од нас слушнал дека една чаша црвено вино на ден е добра за вашиот организам. Познавачите на виното и ефектите кои тоа ги има на нашиот организам издвојуваат повеќе причини зошто е добро да пиете чаша црвено вино. Ги издвојуваме следните:
1. Го подобрува расположението
Ако сте под стрес, виното може да ви помогне. Понекогаш е добро да успорите и да уживате во виното. Познато е дека црвено вино ослободува од стрес, додека пак белото вино дава енергија. Не мора да биде одреден тип, но доколку избирате, наш предлог е да уживате во интензивниот вкус на Vranec Special Selection, од винаријата на Тиквеш, со арома на карамела.
2. Ги подобрува когнитивните способности
Виното содржи соединение ресвератрол кое ја заострува меморијата и со тоа придонесува за подобра концентрација и учење. Но, треба да запомнете дека конзумацијата треба да ја лимитирате на една чаша дневно. Покрај тоа, ќе ви помогне и да го победите заморот.
3. Ја подобрува циркулацијата
Циркулацијата може да се подобри на природен начин, со храна, а тука спаѓа и виното. Потребна е една мала чаша дневно со секој оброк за да можете да уживате во здрав и вкусен пијалак достапен и во најблискиот маркет. Треба само да изберете храна која најдобро оди со вино и да уживате во оброкот.
4. Содржи антиоксиданси
Грозјето има високо ниво на полифеноли, тоа се антиоксиданси кои ги намалуваат хроничните воспаленија. Бидејќи грозјето од црвено вино содржи повеќе антиоксиданси од белото, поголеми се шансите да го покачите нивото на антиоксиданси во крвта. Ако ова не е добра причина за да пиете црвено вино, тогаш нека биде вкусот на Alexandria Cuvee Red.
5. Поатрактивна вечера
Вечерата е секогаш повкусна доколку содржи додатоци по наш вкус. Доколку сте љубители на концентрирано црвено вино, тогаш Merlot на Стоби винарија, со арома на малина е вистинскиот избор за вашиот вечерен оброк. На тој начин, ќе ја направите вечерата повкусна, а вечерта позабавна.
6. Црвено вино за слабеење
Ако се прашувате како да се изборите со вишокот килограми на природен начин – црвено вино е најсоодветниот одговор на тоа. Помага со тоа што го забрзува метаболизмот, а воедно го поттикнува и растот на здравите бактерии во стомакот. Со црвено вино до здраво тело, во здрав дух.
7. Штити од срцеви заболувања
Со дневна конзумација од 150 мл црвено вино имате помал ризик од срцеви заболувања за 32% од оние кои воопшто не го пијат. Но, за правилна и здравствена употреба, треба да бидете внимателни. Прекумерната доза на алкохол може да има негативно влијание врз здравјето на организмот, само следете ги правилата за комбинирање на храна и вино и уживајте во вкусот.
8. Го зајакнува имунитетот
Помалку познат факт е дека го зајакнува имунитетот. Благодарение на антиоксидансите што ги содржи, може да ви го сочува здравјето. А ако се борите со настинка, имате суво или воспалено грло – виното е природен лек. Само згрејте си чаша црвено вино и следниот ден ќе бидете како нови.
9. Црвено вино е поздраво од бело
Овој факт е научно докажан и е вистинит доколку ја почитувате само препорачаната доза. Ако во текот на денот пиете само една чаша црвено вино, тогаш ќе ги воочите позитивните промени во организмот. Црвеното вино содржи танин – соединение кое го има во зелениот чај и е добро за вас.
10. Поздрави сте кога пиете црвено вино
Постојат повеќе истражувања за тоа дека црвеното вино покрај тоа што е вкусно е и здраво. Содржи голем број соединенија кои придонесуваат за вашето здравје. Со умерена доза, ќе можете да уживате во секоја голтка.
Заклучок
Доколку ја знаете и “најситната” информација за умерена дневна доза на црвеното вино – го одржувате вашиот организам здрав. Ова се одлични вести за љубителите на црвеното вино. Ќе станете подобри во комбинирање на храна и вино и ќе бидете поопуштени во текот на денот.
marketonline.mk