На 6 декември 2019 година, во Скопје, се одржа основачкото собрание на Балканската мрежа за рурален развој. Петте партнери на Балканската мрежа за рурален развој, Мрежите за рурален развој на Македонија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина, ги потпишаа документите за регистрација како основачи на Балканската мрежата, додека Мрежите за рурален развој на Србија и Албанија се приклучуваат како полноправни членки.
На овој начин, Балканската мрежа за рурален развој ќе продолжи да претставува повеќе од 200 здруженија за рурален развој од регионот и ќе се залага за интересите на повеќе од 9 милиони луѓе кои живеат во руралните делови од земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.
Партнерите на Балканската мрежа за рурален развој работеа напорно во текот на овие 8 години од нејзиното неформално основање и посветија многу време и енергија за поставување на цврсти основи, врз кои тие ќе можат да ја изградат својата еминентна фигура помеѓу сите заинтересирани страни во руралните области и пошироко. Балканската мрежа за рурален развој ќе се движи напред и ќе ја зграпчи оваа можност да го формализира партнерството, а со цел социјалните придобивка на балканските рурални заедници да станат посилни што значително ќе придонесе за развој на одржливи рурални области во регионот.
„Очекувам дека Балканската мрежа за рурален развој ќе се покаже како социјален адут за балканските рурални заедници, кој ќе може да ги искористи можностите и силните страни на денешницата, со цел да придонесе за иновативни и одржливи решенија за сегашните и идни проблеми во социјалниот и руралниот развој “, рече Петар Ѓоргиевски, новоизбраниот претседател на Балканската мрежа за рурален развој (BRDN) на Основачкото собрание.
Благодарение на поддршката на Шведската организација за развој, We Effect во изминатите 2 години, Балканската мрежа за рурален развој успеа да ја постави цврстата основа на оваа организацијата и да ги подготви сите клучни документи што ги даваат насоките и целите во понатамошната работа.
aberdojde.mk