Од 12-ти до 15-ти јуни 2023 година, во Мостар, Босна и Херцеговина, Балканската мрежа за рурален развој (BRDN) и Постојаната работна група за регионален рурален развој во ЈИЕ (SWG) го организираа третиот Балкански рурален парламент и Балканскиот самит за храна.
На настанот учествува повеќе од 80 учесници, вклучувајќи претставници од граѓанскиот сектор, министерствата за земјоделство и рурален развој од земјите на западен балкан, локални производители на храна, претставници од национални влади, организации и институции од ЕУ.
Во однос на потребите, приоритетите и предизвици во процесот на рурален развој во регионот, дискусиите беа фокусирани на 4 теми:
- Предизвиците за имплементација на ЕУ ЛИДЕР пристапот во Западен балкан;
- Имплементација на Зелена агенда во земјите од Западен Балкан;
- Безбедноста на храната и руралната гастрономија како потенцијал за одржлив рурален развој и
- Предизвиците и можностите на жените и младите во руралните области;
Балканскиот рурален парламент води долгорочна кампања. Кампања која има за цел да се слушне гласот на руралните заедници од Западен Балкан, да промовира самоодржливост, поттикнува активности од луѓето кои живеат во руралните средини, како и да се обезбеди потребите и интересите на граѓаните, силно да се рефлектираат во руралните развојни политики.
Балканскиот самит за храна има за цел да ја подигне свеста за важноста на регионалните прехранбени системи и агробиодиверзитетот во Западен Балкан, особено во однос на поттикнувањето за зачувување и додавање на вредност на агробиодиверзитетот, со цел зајакнување на благосостојбата на руралните средини, обезбедување на безбедност на храната, како и да се подигне свеста за потребата од трансформација на системот за храна и политичките инструменти кои можат да ги поддржат таквите процеси на трансформација.
Резултат од Третиот Балкански рурален парламент е донесената Декларација, која ги содржи заеднички ставови на субјектите од руралните средини од Западен балкан, предлог активностите за руралните заедници, владите и ЕУ , како и трансформација на системот за храна, кој ќе биде одржлив, ќе содржи здрава исхрана и кој ќе го промовира агробиодиверзитетот.
Третиот Балкански рурален парламент и Балкански самит за храна е организиран и поддржан од GIZ SEDRA II Program и Agricultural Policy Dialogue Germany – Western Balkans.
BRDN