Здружението на уметници ракотворци „АРТИ КРАФТ“ се соочуваше со бројни предизвици во спроведување на своите активности во екот на пандемијата.
Особено беа тешки напорите да го доближат занаетчиството до младите луѓе, обичните граѓани како и до институциите на системот. Голем предизвик беше остварувањето на комуникација помеѓу занаетчиите и институциите на системот, како и обидите за промоција на традиционалните, културните и обичајни вредности преку сплотување на националностите кои творат и живеат на овие простори.
Во чест на 8-ми Септември „Денот на Македонската независност“, на 7-ми септември 2020 год, во Скопје, во период од 9-18 ч. во просторот на ГТЦ, АРТИ КРАФТ организираше БАЗАР каде се претставија ракотворците на домашни ракотворби и стари занаети, уметници, млади таленти, кои преку своите креации ја презентираат македонската уметност и култура на едно место.
На 15-ти октомври 2020 г. пред административната зграда на Општина Бутел, беше одбележан „Меѓународниот ден на руралната жена“, со изложба на рачно изработени производи од страна на членовите на ЗУР „АРТИ КРАФТ“-Скопје.
Во рамки на настанот, жените од руралните средини побараа здравствена едукација и подобар пристап до здравствените услуги во време на КОВИД 19.
Тие покажаа голема заинтересираност за стручно оспособување и доквалификација за производство на еколошки здрава храна во што ја гледаат својата иднина.
Исто така заштитата на животната средина беше една од приоритетните теми.
Понудата од страна на здружението АРТИКРАФТ за помош во изработка на сувенири со оригинални алатки исто така побуди голем интерес.
Во чест на 11-ти Ноември 2020 год, ослободувањето на градот Куманово, АРТИ КРАФТ одржа два настани.
• Модна ревија со бел вез од Модно Студио „ЕТНО БЕБА“од Куманово, Скопје,
• Избор на Најдобар сувенир на општина Куманово за 2020 година.
Традиционално и оваа година, АРТИКРАФТ зеде активно учество во Новогодишниот базар во Градскиот Трговски Центар во Скопје каде беа изложени производите на здружението.
ruralnet.mk