Туристичката патека се наоѓа во непосредна близина на градот Валандово на планината Плавуш. Ова место најчесто го посетуваат најмногу локалните жители, многу често и мали групи и индивидуални патници од соседните региони и држави. Постојниот пат локалното население го користи и за активности на отворено, како на пример пешачење и велосипедизам.
Oвој проект не само што ќе влијае на збогатување на туристичката понуда и развојот на туризмот во регионот, туку и врз економски развој во Југоисточниот плански регион. Со самото уредување на оваа место, на локалните жители ќе им се отвори можност да нудат одредени угостителски услуги, сместување за посетителите, организрање на спортски активности и настани за што и истите би можеле да обезбедат финансиски бенефит.
Со изградбата на патеките, проширувањето на патот, одмаралиштата, информативните табли, места со поставување на фитнес опрема, игралиште за деца и поставување на телескоп на кулата, како и паркинг за моторни возила, ќе се овозможи ова место да биде посетено од домашни и странски туристи, а воедно ќе овозможи туристички и економски развој како на општината Валандово, така и на целиот регион.
southeast.mk