Ума или Хума — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелијa. Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија.
Селото е сместено на падините на планината Кожуф.Селото е планинско, сместено на надморска височина од 820 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри. Атарот зафаќа површина од 42,3 км2. Овде се родени новинарот Иван Атанас и лингвистот Петар Атанасов.
Во XIX век, Ума било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.Ума порано било село со околу 500 Власи со христијанска вероисповед. Денес, тоа е практично иселено и функционира како викенд-населба.
Црква „Св. Пантелејмон” — главна селска црква Свети Пантелејмон — главна селска црква во гевгелиското село Ума. Црквата се наоѓа на самото сред село, при што доминира во селото. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта на селото. Црквата се наоѓа во селото Ума, сместено на падините на планината Кожуф, во југозападниот дел на Општина Гевгелија.
Црквата е изградена во XIX век. На градбата на црквата се појавиле оштетувања на кровот, со што настанале оштетувања на фреските, иконите и самата внатрешност на црквата. Мештаните пред дваесетина години успеале да го обноват кровот и тремот, како и да ја обноват камбанаријата.
Црквата располага со богат фрескоживопис, кој е надополнет со иконите на црквата, кои денес повторно се наоѓаат во нејзе, откако се вратени од Штипскиот музеј, каде биле однесени, откако селото било целосно раселено. Фрескоживописот, исто така, потекнува од моментите на изградба на црквата, XIX век.
Секоја година во почетокот на август се одржуваат панаѓурски денови по повод Св. Пантелејмон, кога во селската црква се организира неделен курбан.
aberdojde.mk