Скриена под три јавори на сред село во Колешино, чешмата Даревица, ги враќа мештаните на спомените од детските денови и легендите за неа.
Изградена е 1939 година од мештаните, а обновена пред 21 година од Лазе. Со бардаци од ќерамика носеле вода во своите домови.
(мештаните велат дека на плочката бил напишан цитат од Библијат „ Кој пие од оваа вода пак ќе ожедни, а кој пие од водата што јас ја давам никогаш нема да ожедни“)
За ова чешма кружи легенда дека на оваа чешма се засакале Ѓоргија и убавата Драга. Но, заради нетрпеливоста на нивните семејства, Ѓоргија и Драга го напуштаат селото и се селат далеку, многу далеку од Колешино.
Жителите од Колешино и до ден денес го чуваат и негуваат споменот на оваа чешма.
aberdojde.mk