Сашка Јованова, од село Габревци, општина Конче, е жена која интензивно се занимава со земјоделството, сопруга, мајка на две деца, двајца студенти. Бидејки оваа гранка е битна за егзистенцијата на нејзиното семејство, таа истакнува дека многу битно е земјоделското производство да биде осигурано.
-Животот во село не би го сменила за во град, бидејќи овде се живее по опуштено, порелаксирачки. Во селото животот е тежок, започнува сабајле во 4, некогаш и пред 4. Моментално сме двајцата со сопругот, береме по 5 часа до 10 часа сме на тутунот. Имаме околу 1 хектар пипер за ајвар. Имаме овоштарство-сливи стенлија, па и компир за домашни потреби. Ако си добро организиран и ако работиш плански, можат да се постигнат сите работи, истакна Сашка.
Сашка Јованова признава дека животот во село не е лесен, посебно за жена.
-Ние сме научени на тешка работа на физичка работа, но проблем ни претставува земјоделското производство што сме под отворено небо , вели Сашка.
„Современо Земјоделство“