Ви го претставуваме проектот Програмата за развој на заедницата со сите негови можности за рамномерен развој и очекувани резултати кои ќе го направат овој регион подобро место за живеење за сите жители благодарение на ангажираноста на сите чинители, вклучувајќи го и приватниот сектор. Овој проект е фокусиран на развој на руралните подрачја во целни региони во државата преку:
– Заедничко работење на локалните чинители, како носители на локалниот развој
– Мобилизирање и искористување на ресурсите од страна на локалните чинители за да ги адресираат приоритетите за развој на заедницата
– Развој на модели кои може да се реплицираат, да бидат одржливи и надградени.
Одржлив развој на руралните средини во Македонија преку зголемена вклученост на локалните актери во препознавање и приотеризација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо –економски и еколошки иницијативи.
Проектот се имплементира на територија на 18 општини во три плански региони од источна Македонија.
Проектот е финасиран од УСАИД во Македонија.
aberdojde.mk