Секојдневната миграција на младите од селото во урбаните центри, па и надвор од државата е сериозен проблем. Преку овој проект, ќе се адресираат потребите на овие млади на повисоко ниво, при што истите ќе се поддржат да се доближат до изворите на идеи и иницијативи, како и до финансиски средства за да ги реализираат нивните потреби
Проектот е дизајниран за да ги поттикне младите од руралните средини и граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот плански регион во Македонија да придонесат во демократските процеси на владеење вклучувајќи ги сите засегнати страни како и поттикнување на граѓанско учество и приспособување кон предизвиците за интеграцијата во ЕУ.
Извештајот за Младите на ЕУ од 2015 ја потенцира важноста за учеството на младите во процесот на придружување во ЕУ и развојните процеси во земјата. Воедно, ЕУ ги охрабрува земјите да создадат еднакви можности за образование на младите и на пазарот на трудот, да го промовираат граѓанскиот активизам, социјалната вклученост и солидарноста помеѓу младите.
Цели на проектот:
- Подобрување на капацитетот на младинските граѓански организации и младите од руралните средини за креирање и спроведување на јавните политики преку структурен дијалог со носителите на одлуки;
- Зајакнување на капацитетите на младите од руралните средини за подобра конкурентност на пазарот на трудот.
Преку проект на ЕУ ќе се работи на задржување на младите во руралните средини! Градење на капацитетите на младите со цел да станат фактор во креирањето на локалните политики за развој е целта на проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“.
На промотивниот настан беше истакнато дека проектот ќе се фокусира на младите од Источниот и Југоисточниот плански регион во Македонија каде што организациите спроведувачи на проектот ќе се обидат да ги анимираат младите и граѓанските организации што работат со младите да ги зајакнат нивните капацитети за младински активизам, градење на кариера и да ги оспособат за влијание во носењето политики на локално ниво.
Секојдневната миграција на младите од селото во урбаните центри, па и надвор од државата е сериозен проблем. Преку овој проект, ќе се адресираат потребите на овие млади на повисоко ниво, при што истите ќе се поддржат да се доближат до изворите на идеи и иницијативи, како и до финансиски средства за да ги реализираат нивните потреби.
E-Билтен бр.18 на МРР
aberdojde.mk