Балзамот за усни од мед е едно од најдобрите решенија за испукани усни во текот на ладните денови. Може да го направите и сами за само неколку минути.
Потребни состојки:
- 1 мала лажичка мед
- 1 лажица пчелин восок
- 1 лажица кокосово масло
- 1 лажица бадемово масло
Многу е важно медот да биде квалитетен и произведен на одржлив начин, без додатоци и хемикалии. Затоа ви препорачуваме мед од јадрената група Меден Исток произведен на одржлив начин со примeна на биотехнички методи во живописните предели на брегалничкиот регион.
Начин на подготовка:
Садот со восок се става на тивок оган и се меша додека не се стопи. Во садот со стопениот восок се додава кокосовото масло и бадемовото масло и повторно се меша до изедначување на смесата. Смесата не треба да биде многу топла во моментот кога треба да го додадеме медот затоа ја оставаме неколку минути да се излади. Добро соединетата смеса се префрла во сад и се остава да се олади. По желба може да се додаде и 2 капки од некое етерично масло.
Доколку се одлучите да ставите етерично масло, ние го препорачуваме од портокал заради мирисот и ефектот на опуштање што го има врз мускулите и нервниот систем
ecnegrevo.mk