Реновирани две сточарски фарми кои се дел од егзистенцијата на две семејства кои имаат лица со попречености и живеат во рурални средини. Една од фармите е краварска фарма, која се наоѓа во скопското село Долно Количани.
На фармата работат таткото Самуш и синот Бесим, кој има седумнаесет години и завршува средно стручно образование за преработка на месо. На ова семејство преку проектот „From Disability to FoodAbility”, имплемениран од Националната федерација на фармери, а поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjälpen е реновирана фармата со кои се овозможени условите за правилна хигена на сточарска фарма и подобра работа на земјоделците.
Унапредувањето и проширувањето на фармата ќе овозможат и зголемување на бројот на грла добиток што крајно ќе влијае на подобрување на егзистенцијата на семејството, каде што сточарството е главен извор на приход во семејството.
nff.org.mk